Владата ќе им го одзема оружјето на насилниците

Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство, особено сторено со оружје, кое е во посед и на приватни и на службени лица. Формирана е работна група која треба да ги даде решенијата, а Владата на наредната седница да излезе со конкретни решенија, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој појасни дека на оние службени лица кои во извршувањето на своите службени задачи по сила на закон имаат допир со оружје, ако во соодветна процедура се утврди дека се сомничат за насилство, ќе им биде ограничена можноста за допир со службеното оружје.