Пакистанската армија соопшти дека убила 20 милитанти

Илустрација.

Пакистанската армија соопшти дека денеска убила 20 милитанти во воздушните напади во племенската област во Северен Вазиристан на границата со Авганистан. Разузнавачки извори велат дека убиените се борци на мрежата Хакани и на пакистанските талибанци. Мрежата Хакани се сомничи за самоубиствениот бомбашки напад на одбојкарски натпревар во провинцијата Пактика во источен Авганистан пред два дена, кога загинаа 57 луѓе. Пакистанската војска соопшти дека исчистила 80 проценти од Северен Вазиристан од милитанти од почетокот на офанзивата во јуни годинава.