Погребани тројца ерменски војници убиени во Нагорно-Карабах

Тројца ерменски војници, кои загинаа пред две недели кога нивниот хеликоптер беше соборен од азербејџанските сили во сепаратистичката област Нагорно-Карабах, денеска беа погребани на воените гробишта во Ереван. На погребот присуствуваа министерот за одбрана и ерменскиот лидер на Нагорно-Карабах, Бако Сахакиан. Ерменските сепаратисти ја презедоа контролата врз Нагорно-Карабах од Азербејџан во војната на почетокот на 90-тите години од минатиот век во која загинаа околу 30 илјади луѓе.