Уште еден Сириец прегазен од воз во Македонија

Илустрација.

Триесет и петгодишен Сириец починал синоќа откако во него удрил патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија. Несреќата се случила околу 19 часот пред влезот на железничката станица во Демир Капија, информира МВР. Ова е шеста железничка несреќа овој месец во која жртви се мигранти, кои од Грција преку Македонија се обидуваат да заминат кон западна Европа.