Времето денеска: облачно

Во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од четири до 11 степени. Во Скопје ќе се задржи умерено до значително облачно време со утринска температура околу нулата и со дневна до седум степени.