Обама потврди дека Хејгел се повлекува од функцијата

Американскиот претседател Барак Обама потврди дека секретарот за одбрана Чак Хејгел се повлекува од функцијата на која дојде пред две години. Зборувајќи денеска во Белата куќа, Обама рече дека Хејгел заклучил дека е „соодветно време“ да се повлече. Обама, кој беше во придружба на 68-годишниот Хејгел и на потпретседателот Џо Бајден, рече дека Хејгел бил секретар за одбрана за пример. Тој рече дека Хејгел ќе остане на функцијата додека Сенатот не избере негов наследник. Поранешниот сенатор и ветеран од војната во Виетнам поднесе оставка по критиките кон него поради воената кампања во Авганистан и операциите против Исламската држава во Сирија и во Ирак.