Претседателот Иванов се сретна со претседателот на турското Собрание Чичек

Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Џемил Чичек, на денешната средба изразиле задоволство од одличните односи и континуираниот нагорен тренд во соработката помеѓу двете земји на сите нивоа. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов изразил благодарност за принципиелната поддршка од Турција за членство на Македонија во НАТО.