Воена помош од Литванија за Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Литванија ќе овозможи воена помош за Украина, чии сили се борат против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. Се договоривме за набавка на одредени делови за одредени оружја за украинските вооружени сили, рече денеска Порошенко по разговорите со литванската претседателка Далиа Грибаускаите во Киев. Остана нејасно дали Литванија ќе овозможи неборбена опрема или оружје. Литванската претседателка рече дека нејзината земја е подготвена да соработува со Украина „во сите сфери, вклучувајќи ја и воената“.