Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел поднел оставка

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел поднел оставка, јави Ројтерс, повикувајки се на висок претставник на Пентагон. Претседателот Барак Обама ја прифатил оставката на Хегел, кој беше изложен на критики од опозицијата поради воената кампања во Авганистан и за операциите против милитантите на Исламската држава во Ирак и во Сирија. Сепак, Хегел ќе остане на функцијата се до изборот на нов секретар за одбрана.