Македонија ќе претседава со Централно европската иницијатива

Виена

Во Виена денеска ќе се одржи состанок на премиерите на земјите на Централно европската иницијатива. На собирот, како што најави премиерот Никола Груевски, Македонија ќе го преземе од Австрија претседавањето со овој економски форум. На состанокот, покрај премиерите на Македонија и Австрија ќе учествуваат и премиерите на Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.