Во Тунис најверојатно втор круг претседателски избори

Излезните анкети од вчерашните први директни претседателски избори во Тунис покажуваат дека најверојатно ќе биде потребен и втор изборен круг. Секуларната партија Нида Тунес соопшти дека нејзиниот кандидат Беџи Каид Есебси добил десет проценти повеќе од ривалот, сегашниот претседател на Тунис Монкеф Марзуки. Сепак првичните резултати покажуваат дека ниту еден од нив ги нема неопходните над 50 насто од гласовите за да биде избран во првиот круг.