Офанзива на Ирачките сили северно од Багдад

Ирачките владини сили започнаа офанзива во два града североисточно од Багдад, во обид да се расчисти главниот пат што го поврзува главниот град на Ирак со Иран. Ирачката армија тврди дека има напредок во градовите Јалавла и Садија кои се под контрола на милитантите од август.Болнички извори јавија дека 10 војници загинале во борбите а 32 се повредени. Во меѓувреме, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади наредил поголема воздушна поддршка за про-владините сили кои се борат да ја вратат контролата врз градот Рамади во западниот дел на провинцијата Анбар.