СДСМ предлага три мерки за зголемување на извозот

Драган Тевдовски, претседателот на партиската Комисија за економија, посочи дека СДСМ бара да му се додели градежно земјиште, да се ослободи од комуналии и да му се дозволи увоз на потребна опрема без давачки на секое ново извозно ориентирано претпријатие кое ќе вработи најмалку 10 нови лица,

- Покрај тоа бараме да се добива државна гаранција до 30 отсто од потребните финансиски средства за изградба на нов извозно ориентиран капацитет, која ќе го олесни одобрувањето на кредит,заедно со покривање на трошоците за камата во првите 3 години, како и брендирање на македонските производи со поддршка до 4 илјади евра по претпријатие, речеТевдовски.

- Ова е потребно бидејќи многу домашни претпријатија имаат добри производи кои не се соодветно спакувани и тешко се препознаваат како бренд., потенцира Тевдовски