Обид за убиство во Скопје, едно лице во критична состојба

Две лица се повредени, од кои едно потешко при обид за убиство, ноќеска во скопската населба Ново Лисиче.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил ноќеска, околу 30 минути по полноќ, на бул.„АСНОМ“ во близина на зграда бр.25, кога три-четири засега непознати лица извршиле убиство во обид над Д.Б.(23) и С.Р.(22). При тоа еден од напаѓачите им нанел неколку убоди со нож во пределот на телата.

Д.Б. е во шок соба и се наоѓа во критична состојба.

СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на лицата