Путин не сака да биде доживотен претседател

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема намера да остане претседател на Русија до крајот на својот живот, но не исклучи дека може повторно да се кандидира во 2018. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, на прашање дали ќе остане доживотен претседател Путин одговори дека тоа би било погрешно и штетно за земјата. Путин рече дека според Уставот тој може да се кандидира за претседател повторно во 2018 година, но не каже дали планира да се кандидира за уште еден мандат. Во врска со прашањето за влошување на односите со Западот, Путин изјави дека Русија не сака да види нова "Железна завеса". Путин рече дека Русија не е, и нема да биде економски изолирана и уништена поради западните санкции и драстичното намалување на цената на нафтата.