Тунис гласа за претседател

Тунижаните утрово излегоа на гласање за нов претседател на првите слободни избори од 2011 по Арапската пролет кога со протести во регионот се стави крај на режимот на автократскиот владетел Зине ел Абидине Бен Али. Фаворит меѓу 30 кандидати е 87 годишниот Бези Каид Есебси, политички ветран од претходниот режим, кој ветува враќање на стабилноста по низата години на економска и политичка нестабилност.
За да се избегне нова диктатура во јануари е усвоен нов Устав така што новиот претседател ќе има ограничени овластувања.