Кери: Остануваат сериозните недостатоци во разговорите за нуклеарната програма


Се уште има сериозни недостатоци во разговорите за нуклеарната програма на Иран и покрај знаците за одреден напредок, изјави денеска Американскиот државен секретар Џон Кери, два дена пред крајниот рок за постигнување договор во Виена. Ние работиме напорно, рече Кери, пред состанокот со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер во Виена. Се надеваме дека правиме внимателни напредок, но се уште имаме големи празнини и работиме за да ги затвориме, рече Кери. Штајнмаер се приклучи на разговорите во Виена со цел забрзување на напорите да се постигне договор до крајниот 24. ноември. Штајнмаер по пристигнувањето изјави дека и покрај огромниот јаз во преговорите тие никогаш не биле поблиску до решение по повеќе од 10 години.