Почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман

По кратко боледување вечерва почина истакнатиот македонско сликар Милош Коџоман.

Милош Коџоман е роден 1952 година во Скопје. Дипломирал 1974 година на Педагошката академија “Св. Климент Охридски” во Скопје.

Милош Коџоман II во 2008 година ја добил престижната државна награда “23 Октомври”, највисоко признание за долгогодишни остварувања за Р.Македонија во областа на културата и уметноста. Делата на уметникот се дел од значајни колекции во Македонија и странство.

Ликовниот израз, ангажираноста и ставот кој го изразува Коџоман е непоколеблив, автентичен и како такво неговото творештво остава длабок печат во македонската современа уметност