Кери ги консултира европските партнери во преговорите со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе разговара денеска во Виена со европските сојузници во нуклеарните преговори со Иран за да се обидат да најдат начин за постигнување конечен договор.Кери треба да се состане со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Штајнмаер по пристигнувањето во Виена, рече дека и покрај огромниот јаз во преговорите , никогаш не биле поблиску по повеќе од 10 години. Кери и министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф останаа да разговараат во текот на ноќта во Виена, во обид да се скрши застојот во едногодишната рунда преговори.