Србија: Турција итно да реагира поради убиството на навивачот

Претседателот на Народното собрание на Србија, Маја Гојковиќ денека го осуди убиството на навивачот на "Црвена Ѕвезда" во Истанбул и ги повика надлежните органи на Турција да реагираат што е можно поскоро.

"Ние не можеме да градиме односи на доверба и соработка, додека хулиганите во Турција забиваат нож во срцето на човек, кој доаѓа од Србија, само затоа што навива за друг тим", се вели во соопштението на претседателот.

Гојковиќ истакна дека очекува одлучна реакција од Турција и дека овој криминал нема да остане неказнет.

Фан на Црвена Ѕвезда беше убиен во петокот во Истанбул пред кошаркарскиот натпревар на Белград со клубот Галатасарај.