Последни обиди да се постигне договор за нуклеарната програма

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф имаа последен обид да се постигне договор за нуклеарната програма во текот на ноќта во Виена каде разговараа за нов компромисен предлог. Кери и Зариф одлучија да останат во Виена и да продолжат со состаноците до раните утрински часови за да се постигне договор. Портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц изјави дека преговарачите работат жестоко во обид да го запазат рокот кој истекува на 24 ноември. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Ријабков рече дека преговарачите не може да си дозволат да изгубат ниту еден час. Тој, исто така, рече дека фактот дека Кери и Зариф останале во Виена "сигнализира дека работата може да бидат крунисана со успех".