Продолжуваат преговорите за иранската програма

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамер Џавад Зариф требаше да заминат од Виена, каде во тек се преговорите за иранската нуклеарна програма. Зариф требаше да замине во Техеран за последни консултации пред да истече крајниот рок на 24 ноември, но извештаите велат дека тој нема да патува за Иран. Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд претходно изјави дека пред шестте светски сили и Иран има „долг пат“ за постигнување договор.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус порача Иран да ја искористи оваа можност.