Ирачкиот град Рамади под напади на ИД

Милитантите на Исламската држава го напaднале ирачкиот град Рамади, главниот град на западната провинција Анбар. Безбедносните власти велат дека борците на ИД со минофрлачи целеле кон центарот на градот, а борби се водат и околу градот. Од локалните власти повикале секој што може да носи оружје да им се спротивстави на напаѓачите. Поголемиот дел од Рамади, кој се наоѓа на 100 километри од Багдад е во рацете на ИД, а тие контролираат и голем дел од северен и западен Ирак. Ако Рамади падне целосно во рацете на милитантите, тоа ќе биде чекор назад за безбедносните сили кои успее да ја поврат најголемата рафинерија во земјата под своја контрола, оваа недела.