НАТО примарна цел на владејачката коалиција во Украина

Новоформираната владејачка коалиција во Украина, која е составена од пет партии, соопшти дека приклучувањето кон НАТО им е примарна цел. Петте прозападните партии имаат вкупно 288 места во 421-члениот парламент. Коалицијата беше склучена денеска, по часови преговори.

Партиите исто така се согласија да работат заедно за да се интегрира Украина во Европската унија. Покрај тоа, тие се согласија да се откажат од имунитетот за пратениците, да го реформираат изборниот систем, да забранат советски и нацистички симболи и да ја децентрализираат власта во земјата.