Шведска го потврди налогот за притвор на Асанж

Шведскиот суд го потврди налог за притворање на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во случајот за сексуален напад. Апелациониот суд денеска го отфрли барањето на Асанж да му биде укината одлуката за притвор издадена во 2010 година. Две жени во Шведска го обвинуваат Асанж за сексуален напад. Тој негира дека сторил такво нешто. Асанж за да избегне екстрадиција се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година. Асанж стравува дека Шведска ќе го екстрадира во САД, каде се соочува со обвинение за објавување на доверливи документи.