Србија постигна договор со ММФ

Српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти дека неговата Влада постигнала договор за кредитен аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Владата според тоа е должна да ги намали државните трошоци и растот на државниот долг.

Србија се согласи до 2017 година да го намали буџетскиот дефицит од 8 на 3 отсто од бруто домашниот производ со намалување на платите во државниот сектор и пензиите, како и намалување на субвенциите за државните компании.

Во 2012 година ММФ ја замрзна кредитната програма за Србија.