Кери патува за Виена, на разговори за Иран

Американскиот секретар Џон Кери подоцна денеска ќе патува за Виена за да се приклучи на разговорите за нуклеарната програма на Иран, соопштија од Стејт департментот. Од таму велат дека Кери ќе се сретне со американскиот преговарачки тим во Виена пред да се одржат разговорите со останатите вклучени во преговорите. Кери во Франција се сретна со саудискиот министер за надворешни работи и со неговиот француски колега, а претходно во Лондон исто така разговараше за иранската нуклеарна програма. Шестте светски сили и Иран во Виена се обидуваат да постигнат договор пред истекот на рокот, 24 ноември.