Путин со предупредување до новиот американски амбасадор во Москва

Лавров, Тефт и Путин

Рускиот претседател Владимир Путин, при приемот на акредитивите од новиот американски амбасадор во Москва, Џон Тефт, ги предупредил Соединетите Држави да не се мешаат во внатрешните работи на Русија. На церемонијата во Кремљ, Путин изарзил готовоност за практична соработка со Вашингтон во повеќе области врз принципите на еднаквост, меѓусебен респект и немешање во внатрешните работи.

Новиот американски амбасадор во Русија, Џеф Тефт, претходно беше американски амбасадор во Украина, Грузија и Литванија, поранешни советски републики со кои Москва има тензични односи.