Франција испраќа уште авиони во борбата против ИД

Франција објави планови дека сака да испрати шест борбени авиони во Јордан за напади врз милитантите на Исламската држава во Ирак. Министерот за одбрана денеска пред Парламентот рече дека овие авиони ќе бидат засилување на другите девет кои се наоѓаат во Обединетите Арaпски Емирати. Франција е дел од меѓународната коалиција која врши напади врз цели на ИД. Објавата на вакви планови доаѓа во време кога земјата потврди дека во видеото во кое милитантите егзекутираат луѓе, се гледа и француски државјанин на страната на милитантите. Околу 1000 француски државјани се борат на страна на милитантите во Сирија и во Ирак.