Загрепскиот градоначалник плати кауцијата од два милиони евра

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ уплати кауција од 15 милиони куни (околу два милиони евра) и пред истражниот судија вети дека нема да влијае врз сведоците и ќе ја извршува должноста. Тој вечерва ќе излезе од затворот во Реметинец.

Со него на слобода ќе излезат сите осомничени во аферата „Аграм“, освен сопственикот на компанијата „Брамград проект“ Бранко Михалјевиќ, кој наместо готовина сака да заложи недвижности вредни околу седум милиони куни. Тој ќе остане во истражниот затвор.

Бандиќ на слобода нема да смее да контактира со сведоците ниту да ја извршува функцијата градоначалник, но како ќе се спроведуваат претпазливите мерки во практика, се уште не е познато, бидејќи за тоа нема јасни прописи.

Бандиќ се сомничи дека го оштетил градот со кој управувал 12 години, освен во случајот поврзан со претседателската изборна кампања каде поради неплаќање даноци на донации по изборите во 2010, наводно го оштетил и Државниот буџет.