СДСМ - пресудата за Бошкоски е драконска

Опозициската СДСМ оценува дека Кривичниот суд денеска драконски го казнил Љубе Бошкоски и останатите обвинети во судски процес за којшто, според партијата, „постојат сериозни сомнежи околу текот на постапката и за кој Апелацискиот суд ја укина првичната пресуда“.

„Ваквите пресуди се нов доказ за целосно нарушениот кредибилитет на судството во Република Македонија и оставаат простор за сериозен сомнеж дека драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција“, се вели во соопштението од СДСМ.