Бајден во посета на Киев

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден утре треба да отпатува во дводневна посета на Украина. Денеска американскиот амбасадор во Киев објави дека Бајден ќе ја посети земјата. Посетата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу украинските владините сили и про-руските сепаратисти во источна Украина. Бајден во Киев, ќе допатува од Мароко.
Предвидено е Бајден да се сретне со украинскиот премиер Арсениј Јетсењук и да присуствува на работен ручек со претседателот Петро Порошенко. Тој исто така ќе присуствува и на тркалезната маса за спречување на корупцијата, а потоа заминува за Истанбул.