Љубе Бошкоски доби 10,5 години затвор за „Ровер“

Кривичниот суд ја потврди осудителна пресуда за поранешниот министер Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“. Тој доби казна од десет ипол години затвор, а на четворицата првообвинети им останува казната доживотен затвор. Тие се товареа за двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Во првото судење Бошкоски доби 12 години затвор.

Судот и овој пат остана на ставот дека Љубе Бошкоски како тогашен министер за внатрешни работи дал зелено светло на Орце Коруновски за убиството на Тушевски. Бошковски му сврте грб на Судот додека се читаше пресудата. Тој веќе одлежува казна за случајот „Кампања“.