Киев не прифаќа директни разговори со сепаратистите

Премиерот на Украина Арсениј Јетсењук.

Премиерот на Украина Арсениј Јетсењук го отфрли рускиот повик за директни разговори помеѓу Киев и про-руските сепаратисти, велејќи дека неговата влада нема да разговара со „платеници“ на Москва. Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека двете страни во Украина треба да имаат директни разговори.
„Ако сакате мир, исполнете го договорот од Минск“, рече Јетсењук.