Путин - Односите меѓу Русија и САД да се баризаат на еднаквост

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена за соработка со САД, доколу Вашингтон ја третира Москва како нему еднаква, ги почитува нејзините интереси и се воздржува од мешање во нејзините внатрешни работи. Путин зборуваше на денешната церемонија на која тој ги прими акредитивните писма на странски амбасадори меѓу кои и Џон Тефт, новиот американски амбасадор во Москва. Путин вели дека Русијa е подготвена за соработа со американските партнери во различни области, но врз принципите на меѓусебно почитување. Новиот америкаснки амбасадор во Русија, Тефт, претходно беше американски амбасадор во Украина, Грузија и Литванија.