Украина - Русија не може да ни забрани членство во НАТО

Украина соопшти дека нема да толерира притисок од која било друга земја околу нејзините ставови за приклучување на НАТО. Коментарот на украинските власти уследи по изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кој рече дека Москва сака „100 проценти гаранција дека никој не би помислил Украина да се приклучи на НАТО“.

Но украинските власти велат дека тие сакаат гаранции дека Москва нема да се меша во внатрешните работи на Украина, нема да испраќа војниците или да анкетира украински територии.

Американскиот амбасадор во Украина, Џефри Пјет, денеска изјави дека само украинскиот народ може да донесе одлука дали сака да влезе во НАТО. Тоа не може да го направат ниту Русија, ниту Европа или САД, рече амбасадорот. Слична изјава денеска даде и амбасадорот на Канада во Украина.