Конференција на ОН за борба против гладот

Во Рим денеска започна тридневна конференција на ОН посветена на борбата против гладот, на која учествуваат политичари и јавни личности од целиот свет. На Конференцијата организирана од страна на Агенцијата за храна на ОН и Светската здравствена организација, учествуваат претставници од 190 земји. Се очекува на конференцијата да учествува и папата Франциско.
Лесли Аморосо, експерт од Агенцијата за храна, изјави дека 805 милиони луѓе во светот страдаат од хронична неухранетост, а 161 милиони деца имаат одложен раст.
Инаку од 1992 кога беше одржана првата ваква Конференција, бројот на неухранети луѓе во светот опадна. Тогаш бројката изнесуваше 1 милијарда луѓе.