Германско-руски разговори за кризата во Украина

Министрите за надворешни работи на Германија и на Русија на средбата во Москва, разговарале за влошената ситуација во Украина, соопштија руските власти. Германскиот министер Франк Валтер Штајнмаер и рускиот министер Сергеј Лавров се согласиле дека има потреба да се врати т.н. Минск протокол, дијалог во кој се вклучени завојуваните страни во Украина, како и Русија и ОБСЕ.

Штајнмаер изјави дека не гледаат причини за оптимизам дека со протоколот од Минск може да се постигне чекор напред во источна Украина, каде што повеќе од 4.000 луѓе се убиени во борбите од март, но вели дека ќе биде огромна загуба да се откажат од протоколот сега.

Штајнмаер и Лавров исто така ги повикаа двете страни во Украина да започнат директни разговори и да ги повлечат нивните воени сили назад.