Јоханис:Можеме да се обидеме да ја собориме Владата во 2015 година

Новоизбраниот романски претседател Клаус Јоханис

Новоизбраниот романски претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека неговата партија може да се обиде да ја собори Владата на премиерот Виктор Понта, веќе следната година, една година пред редовните парламентарни избори во 2016 година, пренесоа британските медиуми. Јоханис изјавата ја даде во својство на лидер на Национално-либералната партија.

Британските медиуми посочуваат дека тоа е првичен знак за политичката нестабилност во Романија, која може да следува од неговата изненадувачка победа над Понта на неделните претседателски избори.