Средба на раководството на СДСМ со амбасадорот на ОБСЕ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и членот на Извршниот одбор и претседател на Комисијата за правда, Рената Дескоска денеска се сретнаа со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет и со раководителот на отсекот за политички прашања Џејмс Де Вит.

На средбата, како што информира СДСМ, се разговарало за актуелната политичка состојба во државата.

Заев посочил дека обврска на партијата е да овозможи реализација на слободната волја на граѓаните и оти тоа може да се постигне преку отворање на петте теми кои се однесуваат на механизмите за враќање на демократските процеси.

Тој рекол дека ќе ги објави сите информации што ќе го разоткријат начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се потврди дека техничка влада е единственото решение за излез од политичката криза.

Амбасадорот Брет, како што соопшти партијата, се интересирал за статегијата на СДСМ и за состојбите во медиумите.