Македонија доби 7 дена за проверка на „ре-експорт“ на храна за Русија

Претставници на македонската амбасада во Русија изутрината имале состанок во Агенцијата за увоз во Москва во врска со сомневањата на руското тело за надзор на безбедноста на храната дека европски производи преку Македонија се извезувале во Русија и со тоа се кршело ембаргото за увоз на храна од европските земји што го воведе Москва.

Како што информираат од македонското Министерство за надворешни работи, на претставниците на македонската амбасада им била врачена листа на производи за кои руските надлежни служби се сомневаат дека се декларираат како македонски, а се од Европската Унија.

Листата сега ќе се проверува и со македонската Агенција за храна и ветеринарство, но на состанокот ,како што информира МНР, руската страна дала рок од една недела да се проверат производите, а во спротивно можело да се блокира извозот.

Според првичните информации станува збор за компири и јаболки кои ги имало и во Македонија.