НАТО - сериозно зајакнување на воените сили во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека има сериозно зајакнување на воените сили и од двете страни во конфликтот во источна Украина, како и на руската страна од границата, и повика Москва да ги повлече своите сили. Тој вели дека и изворите на НАТО, но и други извори укажуваат на тоа дека има воено организирање во Украина, но и на руската страна од границата.

Секретарот на НАТО повика Русија да ги повлече своите војници и да придонесе за мирен договор.