Грузија останува на прозападниот пат

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили изјави дека патот на неговата земја кон интеграција во Европа е неповратен. Тој ова го изјави по средбите во Брисел со претставици на Европската унија и на НАТО кои изразија загриженост за грузиската посветност кон евроатлантските интеграции. Гарибашвиливо почетокот на месецов го разреши министерот за одбрана Иракли Аласанија кој ги критикуваше апсењата на неколку воени офицери како напад врз грузискиот евроатлантски избор.