Честитки до новоизбраниот романски претседател

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска го поздрави изборот за претседател на Романија, Клаус Јоханис и изрази увереност дека тој ќе вложи напори за да и помогне на земјата да се справи со идните политички, економски и социјални провокации.

„Убеден сум дека ќе придонесе за идниот развој на Европската унија“, посочи Ромпуј, чиј мандат завршува на крајот од месецот.

Честитки до новиот претседател на Романија, упати и претседателот на Молдавија, Николае Тимофти, кој телефонски разговарал со Јоханис.

Градоначалникот на Сибиу и кандидат на опозициската Христија-либерална унија Јоханис победи на претседателските избори со 54,50 проценти од гласовите, додека премиерот Виктор Понта освои 45,49 отсто од гласовите.