ЕУ ќе ја прошири листата на санкции со украински сепаратисти

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска побараа да се прошири листата за санкции за уште неколку украински сепаратисти. Овој потег има за цел да покаже дека не се прифаќаат избори организирани од страна на про-руски сепаратисти во источниот дел на Украина на 2 ноември. Министрите на денешниотсостанокот во Бриселги разгледуваат кризата во Украина и односите со Русија, како и состојбата на Балканот, особно ситуацијата во Босна и Херцеговина по тамошните избори.