Бомбашки напади во Багдад

Архивска фотографија.

Најмалку 12 луѓе загинале во два одвоени бомбашки напади со автомобил бомба во комерцијални области во Багдад, соопштија ирачки официјални лица. Во нападите се повредени околу 30 луѓе. Едниот автомобил
експлодирал во главната трговска улици во областа Маштал во источниот дел на Багдад, а другиот во трговска улица во областа Амирија во западниот дел на главниот град, соопшти полицијата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите. Во главниот град на Ирак, речиси секојдневно има бомбашки напади и престрелки во кои гинат стотици луѓе секој месец.

Милитантите на Исламската држава презедоа одговорноста за голем број на неодамнешни напади во главниот град.