Кина и Австралија потпишаа договор за слободна трговија

Кинескиот претседател Кси Џипинг.

Австралија и Кина денеска потпишаа договор за слободна трговија. Договорот предвидува отворање на кинескиот пазар за австралиските извозници, како и полесен пристап на кинеските инвестиции во богатата со ресурси Австрлија. Договорот го потпишаа австралискиот премиер Тони Абот и кинескиот претседател Кси Џипинг, кој е во официјална посета на Канбера. Абот вели дека договорот кој е резултат на деценија преговори ќе ги отвори вратите на Австралија и на Кина. Во својот говор пред австралискиот парламент, кинескиот претседател рече дека неговата земја сака да ја продлабочи соработката со Австралија и ја потврди подготвеноста за надминување на територијалниот спор преку дипломатски пат.