УЕФА за инцидентот на мечот меѓу Италија и Хрватска

УЕФА ќе ги испита нередите што избувнаа на квалификацискиот меч за Европското првенство во 2016 година во Франција меѓу репрезентациите на Италија и Хрвстка. Натпреварот што се играше во Милано беше на два пати прекинуван откако полицијата имала проблеми со навивачите. Во првото полувреме хрватските навивачи фрлаа петарди на теренот откако нивниот тим постигна гол. Мечот заврши нерешено еден спрема еден.