Времето денеска: променливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Во утринските часови ќе има локален дожд, појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 17 степени. Во Скопје слично време со температура до 16 степени.