Карзаи - САД водеше „двојна политика“ кон Авганистан

Поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, изјави дека американската „двојна политика“ кон неговата земја довела до експанзија на екстремизмот во регионот. Карзаи пред два дена за Радио Слободна Европа изјави дека некои високи американски претставници ќе му кажеле дека соседен Пакистан им дава прибежиште на терористи одговорни за напади во Авганистан, но од него барале да не го отвора тоа прашање со пакистанските власти. Во ексклузивното интервју во Кабул, Карзаи вели дека САД „ги охрабрувале и крадците да крадат и сопствениците на куќата да го заштитат својот дом“. Поранешниот претседател, чиј втор мандат заврши на 29 септември, изјави дека 13-годишната војна во Авганистан не ги дала посакуваните резултати.
„Не само што екстремизмот не беше искоренет, туку дури и се прошири во регионот“, вели тој.
Карзаи ги повтори обвинувањата дека Пакистан ги поддржува талибанците, кои ги нарекува „државно спонзорирана алатка“